Предвремениот откуп на тутун стартува во Прилеп

Bez autora
Sep 05 2011

На три откупни пунктови денеска стартува предвремениот откуп на првите берби од годинешната тутунска реколта во Прилеп. Производителите останатите берби од сув ферментиран тутун ќе го предаваат во октомври. Како што информира Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, кој ја следеше инспекциската контрола, на сите пункта има повереник кој ќе следи како тече окупот. По заверката на мострите и контролата на пунктовите, денеска ќе стартува предвремениот ограничен откуп на тутунот. Три компании ќе откупуваат на три откупни пункта со претходен договор со тутунарите. Тутунот од првите две берби, спакуван во картонски кутии од по 14 килограми, производителите треба да го предадат најдоцна до 16 септември. Во оваа етапа трите компании треба да откупат околу 1.500 тони договорен тутун. Овој пилот-проект, познат во соседните земји, а првпат се спроведува кај нас, е добар.

Предвремениот откуп на тутун стартува во ПрилепНа три откупни пунктови денеска стартува предвремениот откуп на првите берби од годинешната тутунска реколта во Прилеп.

Производителите останатите берби од сув ферментиран тутун ќе го предаваат во октомври. Како што информира Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, кој ја следеше инспекциската контрола, на сите пункта има повереник кој ќе следи како тече окупот.

- По заверката на мострите и контролата на пунктовите, денеска ќе стартува предвремениот ограничен откуп на тутунот. Три компании ќе откупуваат на три откупни пункта со претходен договор со тутунарите. Тутунот од првите две берби, спакуван во картонски кутии од по 14 килограми, производителите треба да го предадат најдоцна до 16 септември. Во оваа етапа трите компании треба да откупат околу 1.500 тони договорен тутун. Овој пилот-проект, познат во соседните земји, а првпат се спроведува кај нас, е добар - вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија од Прилеп.

Сокотаб од Битола и Алијанса од Кавадарци в понеделник ги отвораат пунктовите за откупот на туту во кутии, а на 15. и Струмица табак ќе почне со преземање.

Уште во април овој пилот проект е одобрен од ресорното министерство и ќе се одвива во две фази. Целта на странските откупни компании е поедноставување на селекцијата, како и отфрлање на досегашната амбалажа.

Тутунарите значително ќе се растоварат од последната фаза од обработката на тутунот, а средствата за предадениот тутун ќе ги добијат уште во септември.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik